ЗАХАРОВА ЗА ПРЕДЛОГОТ НА МАКРОН ЗА ИСПРАЌАЊЕ ВОЈНИЦИ ВО УКРАИНА: Тој не е свесен што зборува
Русија ја коментира изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон за испраќање војници во Украина.
„Изјавата на Макрон за испраќање војници во Украина покажува дека тој не е свесен што зборува“, вели портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Макрон во понеделникот, по самитот на европските лидери во Париз, изјави дека иако нема консензус за испраќање војници од европските земји во Украина, „ништо не може да биде исклучено“.
Повеќе европски земји се против испраќање на свои војници во Украина. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2024 година.
Слично
