Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова вели дека Русија ќе ги анализира односите со Полска, ќе одговорат на сите дрскости

Захарова вели дека Русија ќе ги анализира односите со Полска, ќе одговорат на сите дрскости

Властите во Русија се закануваат на западните држави. 

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова вели дека Русија ќе одговори на сите дрскости или незаконски чекори на западните земји. 

„Чекори кои се некаде груби, некаде едноставно надвор од законот и меѓународното право и нашите билатерални односи… Ние ќе одговориме на сето тоа“, вели Захарова. 

Таа посвети посебно внимание на Полска.

„Ако зборувате за политички односи со Полска, тоа бара навистина сериозна анализа како да се градат односите со сегашното раководство на оваа земја. Никој не треба да мисли дека ситуацијата може да остане на нивото на кое е. Овде нема опции “, изјави Захарова.

Полскиот премиер Матеуш Моравиецки пред неколку дена го повика Западот да го уништи „рускиот свет“.

„Рускиот свет е рак кој го јаде не само поголемиот дел од руското општество туку ѝ се заканува на цела Европа. Така, не е доволно да се поддржи Украина во нејзината војна против Русија. Треба целосно да ја уништиме таа страшна идеологија“, изјави Моравјецки во интервју за британски „Телеграф“.

Toj кажа дека рускиот претседател Владимир Путин е поопасен и од Адолф Хитлер или Сталин. 

Слично

Поврзани вести