Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова вели дека оставката на Јермак е само пиар

Захарова вели дека оставката на Јермак е само пиар

За Русија, оставката на украинскиот политичар Андриј Јермак, е само пиар потег. 

„Оставката на Андриј Јермак, досегашниот шеф на кабинет на украинскиот претседател Володимир Зеленски, е уште еден „ПР потег на киевскиот режим“ и мора да биде осуден“, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Вели дека сето ова е само уште еден ПР трик. 

„Киевскиот режим сече вреќа со песок за да спречи целосно да се сруши нивниот меур. Всушност, ова не е прашање на оставка, туку е прашање дали целата оваа банда ќе биде изведена пред лицето на правдата. Не само за домашни злосторства како што е проневера на парите на Украинците, туку и за меѓународни криминали“, изјави Захарова, пренесена од руските медуми.

Москва смета, додаде таа, дека „тоа е меѓународна криминална шема“.

Откако имаше претрес кај него дома, Јермак си поднесе оставка, а потоа кажа дека ќе оди на фронтот. 

Слично

Поврзани вести