Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова вели дека без конкретни факти нема зошто да се сретнат Путин и Зеленски

Захарова вели дека без конкретни факти нема зошто да се сретнат Путин и Зеленски

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи,  Марија Захарова вели дека дискусиите за средба на рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски сега немаат никаква смисла. 

„Не гледам причина за ова прашање дури и теоретски да се расправа. Благодарни сме им на сите кои ја нудат својата посредничка улога и функција во која било насока. Јас не би дискутирала за нешто без конкретни факти“, вели Захарова, а пренесуваат руските агенции.

Претходно, се споменуваше дека е можно да има средба меѓу двајцата претседатели со цел да најдат решение и да стават крај на војната која почна пред 100 дена. Турција се понуди на нејзино тло да се одржат преговори. 

Слично

Поврзани вести