Захарова тврди дека целта им била да го повикаат Киев на одговорност поради злосторства над цивили руски државјани
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека целта на операцијата на Русија во Украина е да го повика марионетскиот режим во Киев на одговорност за злосторствата врз цивили, вклучително и руски државјани, извршени во претходните години.
Таа вели дека на марионетската влада во Украина и е одземен каков било суверенитет. Захарова тврди дека имало русофобна политика.
„Би сакала да нагласам дека руските сили не вршат ракетни, воздушни или артилериски напади врз украинските градови за време на специјалната воена операција што е во тек во Украина. Воената инфраструктура, воздушната одбрана, воените аеродроми и авијацијата на вооружените сили на Украина се затворени. Никој не ги загрозува цивилите“, рече Захарова.
Единствено што можат да направат, како што додаде таа, е да извршуваат наредби кои доаѓаат од другата страна на океанот, а тоа не секогаш го прават успешно, а исто така е спротивно на интересите на украинскиот народ.
„Искрено се надеваме дека украинскиот народ ќе се ослободи од угнетувањето на националистичката влада која ги експлоатира земјите во интерес на странски играчи и ќе почне да живее суверен живот, почитувајќи ги правата, слободите и интересите на сите свои граѓани, без поделба по националност. јазик и религија“, додаде Захарова.
Таа рече и дека Москва добила нота од Киев за прекин на дипломатските односи, но дека тоа не било нивни избор. Русија вчера почна специјална воена операција со цел да ја демилитаризира Украина.
Украинскиот претседател Влодомир Зеленски можеби нема да биде жив во следните 48 часа, вели бугарскиот премиер Кирил Петков.
