Захарова со остри критики за нападот во Орландо
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова на својата Фејсбук страница напиша дека е време конечно да се решиме или за човечко сочувство или за сочувство врз основа на социо-политички убедувања.
Таа се осврнува на нападот од вчера во клуб во Орландо, Флорида каде беа убиени 50 и ранети 53 луѓе.
„Коментарите од типот „не ми е жал за загинатите во Орландо, затоа што тие се хомосексуалци“ се одвратни. Од онаа страна на границата меѓу доброто и злото се заклучоците од типот „со нивната хомосексуалност самите си ставиле крст на својот живот. А да беа убиени деца со посебни потреби, дали би кажале нешто како „50 паразити помалку“? А да беше извршен нападот врз породилно, веројатно ќе треба прво да се испита личната состојба на секоја мајка“ - напишаа таа.
Захарова додава дека прашањата за какви било ориентации не смеат да се решаваат со оружје. Според неа, невозможно е да се бранат дури и најправилните, најтрадиционалните вредности, ако во себе немате сочувство.
