Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова се закани на Романија, брзо ќе има мерки

Захарова се закани на Романија, брзо ќе има мерки

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова остро реагираше на одлуката на Романија за затворање на рускиот генерален конзулат во Констанца и протерување на конзулот, најавувајќи „соодветни мерки“ од Москва.

Захарова изрази „огорченост“ поради потегот на романските власти и порача дека реакцијата од руската страна нема да доцни.

Таа претходно ги отфрли обвинувањата за наводни руски беспилотни летала што летаат над Европа, оценувајќи ги како неосновани и недокажани.

Одлуката за затворање на конзулатот ја соопшти романскиот претседател Никушор Дан по седница на Советот за национална безбедност.

Тој изјави дека генералниот конзул на Русија во Констанца е прогласен за персона нон грата, а конзулатот ќе биде затворен, по инцидентот во градот Галаци, каде што, според романските власти, руски дрон удрил во станбена зграда и предизвикал експлозија и пожар.

Мајката и синот се со повреди во болница, откако руски дрон удри во нивната зграда. 

Слично

Поврзани вести