Захарова се закани на Грција откако прогласи 12 руски функционери за „персона нон грата“
Руските власти се заканија на Грција.
Русија ја предупреди Грција дека врските меѓу две држави кои ја делат истата вера се сведени речиси на нула.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, предупреди дека „историските паралели“ меѓу Грција и Русија се во опасност да станат „цврста двојна линија меѓу нас“.
Грција прогласи 12 руски функционери за „персона нон грата“ на 6 април, приклучувајќи им се на другите европски земји кои презедоа слични чекори како одговор на наводите за воени злосторства извршени врз цивилите во Украина. Руската амбасада во Атина ја осуди одлуката на Грција и предупреди на последиците. Откако почна војната во Украина, Русија во повеќе наврати се закани на повеќе земји.
