ЗАХАРОВА СЕ ОГЛАСИ ЗА ПРАШАЊЕТО КОЕ ГО ТРЕСЕ СВЕТОТ: Ќе ја видите нашата сила!
Москва долги години повикува и поттикнува спроведување на договорите од Минск
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека прво треба да се ратификува договорот за пријателство, а потоа да се разговара за степенот до кој Русија ги признава Народна Република ЛНР и ДНР.
- Да ги оставиме нашите законодавци да ја играат својата улога денес и да се реализира правниот процес (ратификувањето на договорот) - одговори Захарова на прашањето во кои граници Русија ги признава ЛНР и ДНР.
Таа исто така рече дека Москва долги години повикува и поттикнува спроведување на договорите од Минск.
Како што изјави во емисијата „Соловјов во живо“ на Јутјуб, Русија тргнува од тоа што договорите од Минск престанаа да бидат релевантни за властите во Киев.
Според Захарова, нема емоции во одлуката на Русија да ја признае независноста на ЛНР и ДНР, но очигледно е дека Западот е лишен од секаква емпатија и разбирање за суштината на прашањето.
Коментирајќи ги можностите за средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Ентони Блинкен по признавањето на ЛНР и ДНР, таа посочи дека Москва е подготвена за преговори и дипломатија.
фото:
Instagram/mzakharovamid
