Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова: Русија сериозно загрижена од лажните вести, да се вклучи и ОН

Захарова: Русија сериозно загрижена од лажните вести, да се вклучи и ОН

Портпаролката на руското министерство за одбрана Марија Захарова посочи дека Русија е загрижена од ширењето на лажните вести кои ги спореди со епидемија на вирус од можните опасности во политичките односи. Затоа смета дека мора да се изготви ефикасна стратегија за нивно спречување во која ќе се вклучат и Обединетите нации.

- Масовното производство на лажни вести е резултат на падот на професионални стандарди во медиумите, истакна Захарова во ОН.

Таа додаде дека руската делегација поднела предлог за развој на клучните параметри за стратегија на борбата против лажните вести и дезинформации. 

- Русија е подготвена да понуди помош во задачата чија важност не може да биде потценета, посочи Захарова. 

Ваквиот потег на Русија доаѓа како големо изненадување бидејќи токму нивните агентури беа посочени во САД како виновни за мешање во американските претседателски избори со наводи дека државни структури стојат зад дисеминацијата на лажни вести на интернет.

Слично

Поврзани вести