Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова предупреди дека имаат црвени линии за оружјето кое САД го испраќа на Украина

Захарова предупреди дека имаат црвени линии за оружјето кое САД го испраќа на Украина

Русија порача дека американските ракети со долг дострел за Украина се „црвената линија“. 

Портпаролката на руското Министерство за одбрана, Марија Захарова денеска изјави дека доколку САД решат на Киев да му испратат ракети со долг дострел, ќе ја минат „црвената линија“ и конечно ќе потврдат дека се „директен учесник во конфликтот“.  Захарова истакна дека во тој случај Русија го задржува правото да ја заштити сопствената територија и население.

САД ѝ испорачаа на Украина напредни ракети за системот HIMARS со дострел од 80 километри, но испратил и проектили со двојно поголем дострел. Вашингтон образложи дека добил ветување од Киев дека американските ракети нема да ги користи за напади врз руска територија.  Инаку, Украина сега напредува со контраофанзивата и бара уште оружје за да ги врати окупираните територии. 

Слично

Поврзани вести