Захарова обвини дека Западот е виновен за поскапувањето на храната и распадот на Украина
Руските власти тврдат дека тие не се виновни за поскапувањето на храната, туку санкциите.
Портпаролката на руското Министерството за надворешни работи Марија Захарова, рече дека цените растат поради Западните санкции против Русија.
Вели дека распаѓањето на државноста на Украина е дело на колективниот Запад.
„Распадот на Украина ги вклучува, меѓу другото, и претходниците на госпоѓа Бурбок, кои не само што се мешаа во ситуацијата во таа земја, туку и ја моделираа внатрешната и надворешната политика на Украина“, посочи Захарова.
Претходно, германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека поради ситуацијата во Украина, на планетата може да дојде до глобален глад.
И украинскиот претседател, Володимир Зеленски изјави претходно дека Русија се заканува со глад. Денеска е 81-от ден од почетокот на војната во Украина.
