Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова објасни зошто Русија изврши напад на Одеса

Захарова објасни зошто Русија изврши напад на Одеса

Русија тврди дека уништила воена инфраструктура во Одеса во Украина. 

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова денеска изјави дека руски проектили уништија воена инфраструктура во украинското пристаниште Одеса. 

„Ракетите „Калибр“ ја уништија воената инфраструктура во пристаништето Одеса, со многу прецизен удар“, напиша Захарова на својот профил на „Телеграм“.

Украина за нападот го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека „плука во лице“ на ОН и Турција и го доведува во прашање спроведувањето на договорот потпишан на 22 јули за деблокирање на извозот на жито. Русите првично молчеа за нападот. 

„Русите ни кажаа дека немаат апсолутно никаква врска со тој напад и дека многу внимателно го разгледуваат прашањето“, рече турскиот министер за одбрана Хулси Акар.

Европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борел и други западни претставници го осудија нападот во Одеса. Украина доби воена помош од САД и други земји. 

Слично

Поврзани вести