Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова: Израелски платеници се рамо до рамо со екстремистите од Азов во Украина

Захарова: Израелски платеници се рамо до рамо со екстремистите од Азов во Украина

Русија обвини дека израелски платеници заедно со Азов се борат во Украина.

 Руското МНР вчера го обвини Израел дека го поддржува неонацистичкиот режим во Киев.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека „израелски платеници практично се рамо до рамо со екстремистите од Азов во Украина”. Претходно, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров сугерираше дека Израелците заедно се борат со единицата Азов, чии припадници за Москва се нацисти. Кажа и дека Адолф Хитлер имал еврејска крв и други антисемитски провокации. Изјавите на Лавров предизвикаа гнев во Израел. Израелските власти побараа извинување, а украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека нема зборови за ова. Досега имаше и загинати странски борци во Украина, кои се борат на украинската страна. Според претходно објавени податоци, платеници има од над 6 држави. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. 

Слично

Поврзани вести