Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова им се закани на Американците да не испраќаат „Патриот“ во Украина

Захарова им се закани на Американците да не испраќаат „Патриот“ во Украина

Русија предупредува на „последици“ доколку САД го испратат системот „Патриот“ во Украина.

Министерство за надворешни работи денеска предупреди дека испраќањето на современиот американски ракетен одбранбен систем „Патриот“ во Украина ќе биде „уште еден провокативен потег на САД“ и дека Москва може да одговори.

Портпаролката Марија Захарова изјави дека „САД практично станаа страна“ во војната во Украина.

Блискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и поранешен претседател на Русија, Дмитриј Медведев претходно тврдеше дека испраќањето на моќниот ракетен систем „Патриот“ во Украина од страна на САД ќе биде „црвена линија“ што никогаш не треба да се премине, а сега многу руски пропагандистите тврдат дека тој систем не е ефикасен. 

Слично

Поврзани вести