Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова ги обвини Украинците за тероризам по оштетувањето на кримскиот мост

Захарова ги обвини Украинците за тероризам по оштетувањето на кримскиот мост

Од руското Министерство за надворешни работи(МНР) велат дека реакцијата на инцидентот на Кримскиот мост ја покажува природата на украинските власти. 

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова ги обвини Украинците за тероризам. 

„Реакцијата на киевскиот режим на уништувањето на цивилната инфраструктура ја нагласува неговата терористичка природа“, напиша Захарова на Телеграм. 

Загинаа најмалку три лица, а Русија веднаш ќе почне со обнова на мостот. 

Украина официјално не потврди дека стои зад нападот, но советникот на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, Михајло Подољак на Твитер напиша дека ова е само почеток, и дека сите окупирани територии ќе бидат вратени.  Русија го анектираше Крим во 2014 година. 

фото Фејсбук
Слично

Поврзани вести