Економија, финансии, бизнис

Контакт

Захарова: Доколку влезат во НАТО, Финска и Шведска нема да бидат побезбедни

Захарова: Доколку влезат во НАТО, Финска и Шведска нема да бидат побезбедни

Русија тврди дека НАТО ќе ги турне Финска и Шведска во првите редови. 

Руските власти велат дека членството во НАТО подразбира откажување од суверенитетот во однос на носењето на одбранбените и надворешно- политичките одлуки. 

„Доколку влезат во НАТО, Финска и Шведска нема да бидат побезбедни отколку што се сега бидејќи таа организација ќе ги истурка овие земји во првите редови“, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Двете земји почнаа да размислуваат за влез во НАТО, откако Русија ја почна инвазијата на Украина на 24 февруари. Инаку, Русија е против влез на Украина во НАТО. Toa e едно од руските барања, односно бараат воена неутралноста на Украина. 

Слично

Поврзани вести