Захарова бара да не се споредува Косово со Донбас, вели тоа не е исто
Не наседнувајте на манипулациите на Западот – Косово и референдумите во Русија не се исто, вели портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.
Taa бара да нема споредби меѓу косовскиот преседан и референдумот што се одржа во четири нови руски субјекти.
„Не наседнувајте на прости формулации. Западот сака да ги користи тие мемиња, клишеа и наметнати тези за своја манипулација“, одговори Захарова.
„Кога ќе го слушнам прашањето дали косовскиот преседан служи како преседан за референдуми во Донбас и слично, сакам да ве потсетам дека референдум за тоа прашање на Косово немаше. На Косово немаше референдум, а што се однесува до Крим, Доњецк и Луганск таму се одржаа“, потсети Захарова.
Слично
