Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАХАРОВА - „НЕ МЕШАТЕ СО АМЕРИКА, РУСИЈА НЕМА ДА ГО ПРИТИСНЕ НУКЛЕАРНОТО КОПЧЕ“: Апокалиптичното сценарио нема да се реализира под никаков изговор

ЗАХАРОВА - „НЕ МЕШАТЕ СО АМЕРИКА, РУСИЈА НЕМА ДА ГО ПРИТИСНЕ НУКЛЕАРНОТО КОПЧЕ“: Апокалиптичното сценарио нема да се реализира под никаков изговор

Сценариото според кое Русија би го притиснала нуклеарното копче нема да се реализира под никакви околности, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, во интервју за колумбиското радио „V Radio“, пренесува Новости рс.

- Поаѓаме од тоа дека ова апокалиптично сценарио нема да се реализира под никаков изговор и под никакви услови - посочи Захарова, на прашањето од што ќе зависи дали Русија ќе го притисне нуклеарното копче.

- Мислам дека не мешате со некој друг. Кога станува збор за употребата на нуклеарно оружје, ние неколку пати го кажавме нашиот став. Можеби нè мешате со САД, но Русија никогаш не зборувала за тоа - рече Захарова.


Слично

Поврзани вести