Загуби до 60 отсто на влоговите ќе претрпат големите депоненти во Банката на Кипар
Aкции во вредност од само 37,5 отсто од депозитите над 100 илјади евра, ќе добијат големите депоненти во Банката на Кипар, потврди денеска Централната банка на Кипар.
Тоа значи дека депонентите со влогови над таа сума ќе бидат принудени да поднесат загуби кои достигаат до 60 отсто, наведуваат западни медиуми.
Околу 22,5 отсто од депозитите над 100 илјади евра нема да носат камати посочи банката во одлука објавена денеска. Останатите 40 отсто ќе добиваат камати, но нема да бидат исплаќани пред заздравување на банката.
Теоретски со шемата може да си вратат депонентите дел од средствата од продажба на акции, но тоа ќе биде можно само ако Банката на Кипар успешно изврши рекапитализација и почне да се развива, а акциите достигнат ниво кое овозможува обнова на нивото за подмирување на загубите на депонентите. Тој процес може да трае подолго, а перспективите му се целосно нејасни, коментираат западни медиуми.
Слично
