Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загрижувачки број на бремени жени на интензивна нега со ковид

Загрижувачки број на бремени жени на интензивна нега со ковид

Рекорден број бремени жени беа примени на интензивна нега со ковид минатиот месец, покажуваат податоците, а лекарите ја изразија загриженоста за двоумењето околу вакцинацијата кај идните мајки. Тие ги повикаа да бидат вакцинирани што е можно поскоро, пишува Гардијан.

Бројките од Националниот центар за ревизија и истражување за интензивна нега (ICNARC) покажаа дека во Англија, Велс и Северна Ирска, 66 бремени жени завршиле на интензивна нега во јули, што е најголем број од почетокот на пандемијата и три пати повеќе од април минатата година. Вкупно 46 бремени жени, неодамна исто така, беа примени на интензива нега.

Бројот на идните мајки на интензивна нега постојано се зголемува во последните месеци, од 17 во март на 22 во јуни, но скок на приемите се случи минатиот месец во услови на зголемени случаи на ковид и олабавување на ограничувањата. Просечната возраст  е 32 години.

Д -р Едвард Морис, претседател на Кралскиот колеџ за акушери и гинеколози, рече дека бројот на бремени жени примени на интензивна нега е загрижувачки и ја одразува зголемената преваленца на вирусот во Обединетото Кралство што го видовме во јули.

„Имаме податоци за скоро 200.000 бремени жени кои примаат вакцина без загриженост. Препорачуваме сите бремени жени да се вакцинираат против ковид-19, како најдобар начин да се заштитат себеси и своите бебиња од тешки болести и предвремено породување“, реагираат оттаму. 

Од Кралскиот колеџ за акушерки велат дека бремените жени се изложени на поголем ризик од сериозни болести ако заболат од ковид. 

foto the guardian

Слично

Поврзани вести