Загреб очекува 20% повеќе туристи по влезот на Хрватска во ЕУ
Туристичката заедница на градот Загреб оваа година очекува да продолжи растот на туристичкиот промет во Загреб, при што се очекува влезот на Хрватска во Европската унија да придонесе голема културна програма и се повеќе нови туристички производи кои ќе ја зголемат популарноста на Загреб кај странските туристи, пренесуваат хрватските медиуми.
Во очекување на влезот на Хрватска во ЕУ, туристичката заедница направила мало истражување кое покажува дека сите главни градови во земјите кои влегле во Унијата, истата година забележале рат на туристичкиот промет, па затоа сметаат дека тоа ќе се случи и со Загреб.
Според истражувањето, можеби нема да има пораст на бројот на туристи за 30%, како што беше случај со Љубљана кога Словенија влезе во ЕУ, но порастот би можел да достигне до 20%
Слично
