Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загинатите во Мариупол ги собираат во вреќи, вели српски новинар

Загинатите во Мариупол ги собираат во вреќи, вели српски новинар

Српскиот новинар Даниел Симиќ се јави од украинскиот град Мариупол и вели дека состојбата таму е многу тешка. 

Тој раскажува дека телата на загинатите ги собираат во вреќи. Новинарот се приближил и до фабриката „Азовстал“, каде што постојано се слушале пукотници.

„Постојано се слушаат експлозии. Во Мариупол ситуацијата е тешка, цивилните власти не прават никакви стратешки потези. Сцените се апокалиптични. Видов многу загинати луѓе низ улиците“, открива тој.

Војната трае веќе 56 дена.  Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека е подготвен да ги замени руските воени заробеници за безбедна евакуација за цивилите и украинските војници од Мариупол.  Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук на Телеграм објави дека „хуманитарниот коридор од Мариупол денеска не функционира како што било планирано“.

Слично

Поврзани вести