„ЗАГИНАТИТЕ СЕ НОСАТ ВО МРТОВЕЧНИЦА ИЛИ АКО ТЕЛАТА СЕ ВО РАСПАЃАЊЕ ЗАВРШУВААТ НА ДЕПОНИЈА“: Пронајдени 100-тина тела во Мариуол
Во урнатините на уништените згради во Маријупол се пронајдени стотици тела, изјави
советникот на градоначалникот на градот. На Телеграм, Петро Андриушченко
зборуваше за „бескрајниот караван на смртта“ во окупираниот пристанишен град,
каде меѓу 50 и 100 тела се извлекуваат од под урнатините и се транспортираат во
мртовечници или, во зависност од состојбата на телата, во депонија.
Минатиот месец шефот на самопрогласената Народна Република Доњецк изјави дека 60 отсто од зградите во Мариупол се уништени, од кои 20 отсто не може да се обноват.
Но, во уште една објава утринава, Андриушченко рече дека претресите во областа на велиот брег престанале, велејќи: „Окупаторите конечно се префрлија на практиката на уривање куќи и одбивање да ги бараат телата на загинатите под урнатините“, објави Би-Би-Си.
Тој вели дека никогаш нема да се знае колку жители на Мариупол загинале, а колку од нив се под урнатините - а ќе бидат закопани покрај ѓубре.
„Нема зборови. Само лутина“, вели тој.
ФОТО: EPA