ЗАГИНАЛ ДОДЕКА ИМ ДЕЛЕЛ ЛЕБ И ЛЕКОВИ НА СОГРАЃАНИТЕ - убиен е градоначалникот на Гостомел, тврдат украинските власти
Убиен е градоначалникот на украинскиот град Гостомел, Јуриј Прилипко, тврдат украинските власти.
Според истиот извор, Прилипко загинал додека делел леб и лекови на оние на кои им требало.
„Тој загина како херој, но за жал поради руските напади засега е невозможно да се изврши погребот“, изјавија официјални лица.
Извор: Нова.рс
Слично
