Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГИНАА СЕДУМ ЛУЃЕ: Авион и хеликоптер се судрија над Алпите

ЗАГИНАА СЕДУМ ЛУЃЕ: Авион и хеликоптер се судрија над Алпите

Судир на авион и хеликоптер имаше над Алпите, при што загинаа седум лица.

Двајца се тешко повредени во судир на мал туристички авион и хеликоптер над италијанскиот дел од Алпите, велат спасувачките служби.

Меѓу жртвите во хеликоптерот е 49-годишен Германец кој работел како локален планински водич, а загинале и две лица од авионот, објави новинската агенција „Анса“. Двајца од преживеаните имаат сериозни повреди. Едниот бил во хеликоптерот, а другиот во авионот.

Судирот се случил во петокот попладне во регионот Вале д’Аоста во северозападна Италија, во близина на ски-дестинацијата, недалеку од француската граница.

Хеликоптерот пренесувал скијачи, а авионот доаѓал од Франција и во него биле инструктор за летање и двајца ученици на обука на пилоти.

Слично

Поврзани вести