Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загинаа руски војници во Нагорно - Карабах

Загинаа руски војници во Нагорно - Карабах

Во регионот Нагорно-Карабах, e изрешетан автомобил со руски војници, при што има неколкумина загинати.

Инцидентот се случил  во близина на селото Жанјатага, соопшти руското Министерство за одбрана. Не кажаа колкав е точниот број на жртви. Тие се враќале од набљудувачката станица. Претставниците на Русија и Азербејџан на терен работат на разјаснување на ситуацијата.

Информациите не можат да бидат независно проверени. Вчера Азербејџан почна воена операција во јужнокавкаскиот регион Нагорно Карабах. Денеска со руско посредништво е постигнато примирје.

Ерменското раководство на Нагорно-Карабах утрово се согласи на предлог за прекин на огнот во обид да спречи понатамошно крвопролевање додека азербејџанските сили напредуваа во отцепениот регион.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека неговата земја не била вклучена во подготовката на текстот на договорот за прекин на огнот. Тој, исто така, повтори дека Ерменија нема војници во Карабах од август 2021 година.

Ерменија и Азербејџан со децении се спорат за регионот Нагорно - Карабах. 

Слично

Поврзани вести