Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 78 ЛУЃЕ: Има и повредени во нападот на Израел врз Иран

ЗАГИНАА НАЈМАЛКУ 78 ЛУЃЕ: Има и повредени во нападот на Израел врз Иран

По нападот на Израел врз Иран најмалку 78 луѓе загинале, а 329 се повредени. 

Израелските одбранбени сили (ИДФ) почнаа голема операција преку ноќ, со кодно име „Лавовски подем“, во која извршија напади врз воени цели и локации на нуклеарната програма на Иран.

Израелските воздухопловни сили (ИАФ) извршија неколку бранови напади во различни делови на Иран.

Техеран беше мета на напади, каде што беа убиени неколку високи ирански воени функционери, вклучувајќи го началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили и командантите на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, како и голем број нуклеарни научници.

Лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи го осуди нападот и го предупреди Израел за „тешки последици“. Израел засега не го коментираше последниот напад кај Табриз, ниту официјално ја потврди одговорноста за утринскиот напад.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ќе разговара телефонски со американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин и британскиот премиер Кир Стармер, по воздушниот напад што Израел го изврши врз Иран. 

Слично

Поврзани вести