ЗАГИНАА ДЕСЕТИЦИ ЛУЃЕ ВО ГАЗА: Хамас има две опции
Припадници на Хамас имаат две опции – или да се предадат или да умрат.
Ова денеска го соопшти израелскиот министер за одбрана Јоав Галант. Тој вети дека ја избришат Хамас и ќе ги растурат сите капацитети.
„Нашите авиони ќе стигнат насекаде. Секој проектил е адресиран. Ќе дојдеме до секој член на Хамас“, рече Галант.
Тој вчера се сретна со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој повтори дека САД го поддржуваат Израел и правото на оваа земја да се брани. Галант изјави дека ова ќе биде долга војна и дека цената ќе биде висока.
Израелската армија денеска го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, при што загинаа десетици луѓе. На Палестинците претходно им беше сугерирано да се евакуираат таму од северот пред копнената офанзива.Разгорувањето на насилството долж границата на Израел со Либан, исто така, предизвика загриженост дека конфликтот ќе се прошири во регионот.
Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации соопшти дека израелската опсада на Појасот Газа и наредбата за евакуација би можеле да претставуваат меѓународно злосторство.
