Загинаа 18 војници во Украина
Во жестоките судири на украинските и проруски сили, 18 украински војници загинаа во последните 24 часа, а 54 се повредени, соопшти портпаролот на војската Андриј Лисенко пред новинарите пренесува АФП.
Украинските сили ноќеска за прв пат го бомабардираа огништето на проруските сили Доњецк во источна Украина, но немало жртви, соопштиле градските власти во тој град.
Состојбата во Луганск и понатаму е критична, бидејќи нема струја, не работата мобилините ни фиксните телефони, соопштиле челниците на овој град.
Слично
