ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГИНАА 12 ЛУЃЕ: Илјадници се евакуираат поради судирот меѓу Камбоџа и Тајланд

ЗАГИНАА 12 ЛУЃЕ: Илјадници се евакуираат поради судирот меѓу Камбоџа и Тајланд

Ескалираа судирите меѓу Тајланд и Камбоџа, откако загинаа најмалку 12 луѓе, а над 40.000 цивили од 86 села мораа да се евакуираат.

Тајландски ракети и камбоџанска тешка артилерија се веќе во употреба, а ситуацијата станува сè поопасна. Камбоџа тврди дека тајландската армија извршила напад на две нејзини провинции.

Двете држави ги повлекоа своите амбасадори. Напнатоста кулминираше откако тајландски војник изгуби нога од мина, а уште четворица се ранети. Ситуацијата предизвикува сериозна меѓународна загриженост.

И Тајланд и Камбоџа се рангирани меѓу најпријателските земји во светот. Тие имаат спорна погранична територија. 

ad
Слично

Поврзани вести