ЗАГИНА ВО СВОЈОТ ДОМ ВО ГАЗА: Уште еден новинар настрада при израелски воздушен напад
Познат новинар загина во Појасот Газа.
Во израелски напад во својот дом загина Рошди Сараj, основачот на Аин Медиа. Уште 22 новинари се убиени откако почна конфликтот пред две седмици. Информацијата ја потврди Комитетот за заштита на новинарите.
Израел планира да ги зголеми нападите врз Газа почнувајќи од денеска. Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари денеска изјави дека висок командант на Хамас е убиен во израелски воздушен напад во текот на ноќта во Појасот Газа.
Mилион и пол жители на Појасот Газа ги напуштија своите домови поради ескалацијата на палестинско-израелскиот конфликт, соопшти денеска прес-службата на палестинската влада под контрола на Хамас.
Слично
