Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГИНА ВО ГАЗА: Убиен e најстариот внук на лидерот на Хамас

ЗАГИНА ВО ГАЗА: Убиен e најстариот внук на лидерот на Хамас

Убиен e најстариот внук на лидерот на палестинската терористичка група Хамас и еден од најважните личности во организацијата. 

Џамал ​​Мухамед Ханије, најстариот внук на шефот на политичкото биро на Хамас, Исмаил Ханије, загина во напад на израелските одбранбени сили во Појасот Газа.

Веста за убиството на Џамал ​​Мухамед Ханије ја објави „Инет њуз“ повикувајќи се на палестински медиуми.

Истата информација ја објави и „Џерусалим пост“. Овој медиум додава дека тој загинал во воздушен напад. 

Главната агенција на Обединетите нации во Појасот Газа соопшти дека речиси 1,7 милиони луѓе се раселени од 7 октомври. Хамас на 7 минатиот месец почна со напади на Израел. Израел повеќепати објави дека нивните сили елиминирале важни луѓе на Хамас. 

Слично

Поврзани вести