Загина уште еден критичар на Владимир Путин
Дмитриј Свиргунов, пејачот кој ја основа популарната група Cream Soda, која во песната „Аква диско“ ја критикува наводната палата на рускиот претседател Владимир Путин вредна 1,3 милијарда долари загина.
Песната често се пееше на протестите пред и во раните денови на руската воена инвазија на Украина. Свиргунов паднал во мраз додека ја минувал реката Волга во регионот Јарослав, пишува „Медуза“. Во моментот на несреќата тој бил во друштво со својот брат и уште двајца пријатели. Веста за неговата смрт ја потврдија во понеделникот од групата Cream Soda на „Инстаграм“.
„Синоќа, се случи трагедија. Нашиот Дима Нова се движеше по Волга во друштво на пријатели и падна во мразот. Министерството за вонредни состојби сè уште трага по неговиот брат Рома и пријателот Гоша Киселев. Аристарх, нашиот пријател кој исто така падна во мразот, беше пронајден, но немаше начин да го спаси. Веднаш штом ќе имаме информација од Министерството за вонредни состојби, ќе ве информираме“, напишаа од групата.
Повеќе критичари на Путин досега загинаа под сомнителни околности. На почетокот на инвазијата лани во февруари имаше антивоени протести во Русија.
