Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загина првиот украински војник во 2015 година

Загина првиот украински војник во 2015 година
Украина денеска го пријави првиот погреб на еден свој војник во 2015 година кој го изгубил животот во пресметките со проруските бунтовници, наведувајќи дека при напад биле ранети уште пет други војници. „Во последните 24 часа, еден украински војник загина, а петмина други се ранети во акција на проруските сили“, соопштил пред новинарите портпаролот на украинската војска , Андреј Лисенко. Тој не изнел детали за околностите кои довеле до нападот, но рекол дека проруските сили повеќе пати испалиле проектили на истокот во Украина, вклучително и од меѓународниот аеродром како и од Донецк. Тој додал и дека украинските војници, генерално не ја провоцираат другата страна, ниту пак отвораат оган, туку само дека враќаат доколку се нападнати, пренесува „Ројтерс“. Најмалку 4.700 лица беа убиени во Украина во текот на 2014 година во судирите кои предизвикаа најголема криза во односите помеѓу Русија и Западот од „Студената војна“.
Слично

Поврзани вести