ЗАГИНА МОМЧЕ, А СТОТИЦИ СЕ ПРИВЕДЕНИ - хаос во Франција и Белгија после поразот на Мароко
Едно момче загина во францускиот град Монпеље во судирите меѓу навивачите на Франција и Мароко по полуфиналето на Светското првенство.
Во соопштението објавено од канцеларијата на локалната самоуправа, се наведува дека момчето вчера било „насилно удрено“ од автомобил. Тој бил пренесен во болница, но починал набргу по пристигнувањето.
Возилото е пронајдено во близина на местото на настанот, а полицијата врши увид.
Претходно Франција го победи Мароко со 2:0. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледаат толпи луѓе на улица кои се движат околу автомобил кој вози непречено.
Навивачите на ривалите претходно се судрија и во Париз.
Немири избија и во Брисел
Околу стотина навивачи синоќа се приведени во Брисел поради нереди откако Мароко загуби со 2:0 од Франција во полуфиналниот натпревар на Светското првенство, јави агенцијата Белга, повикувајќи се на полицијата.
Навивачите се приведени поради нарушување на јавниот ред и мир, оштетување на две полициски возила и поседување забранети огномети, објави агенцијата рано утринава.
Запалено ѓубре, затворени дел од улиците
Делови од патиштата во центарот на градот беа блокирани во пресрет на натпреварот, се вели во извештајот. Сликите од средата вечерта покажуваат купишта запалено ѓубре и голем број полицајци во опрема за немири на улиците на Брисел.
Неколку лица беа уапсени и во текот на судирите во Антверпен, северно од главниот град, објави Белга.
Police intervene. #FRAMAR #Brussels pic.twitter.com/BEcnfT0ck0
— Yassin Akouh (@Yassin_Akouh) December 14, 2022
