Економија, финансии, бизнис

Контакт

Загина Французинот кој се качуваше по високи згради

Загина Французинот кој се качуваше по високи згради

Загина францускиот авантурист познат по качување на високи објекти.

Реми Луциди почина во четвртокот, откако паднал од врвот на станбениот облакодер во Хонг Конг, кулата Трегунтер, додека се обидувал да се фотографира. Тој е познат по качување на високи згради, кранови, мостови, столбови и предаватели во светот. На денот на несреќата, Луциди му кажал на обезбедувањето дека оди во посета на пријател на 40-тиот кат за да добие пристап до покривот на кулата на 68-от од каде паднал, пренесува „Дејл меил“. Него го видела куќната помошничка како чука на прозорците од пентхаусот за да се врати во зградата, но паднал пред да пристигне помошта.

Но, познат е и друг Французин кој се искачува на високи згради. Станува збор за Ален Робер, наречен уште „Француски Спајдермен“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ ʀᴇᴍɪ ᴇɴɪɢᴍᴀ

Слично

Поврзани вести