„Почина Дејвид Камерон” – гафот на британска новинарка го запали Твитер
Соопштувајќи ја веста за смрта на поп-легендата Дејвид Боуви, британската водителка на радиото Харт ФМ, ги помеша имињата, па информираше дека починал премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон.
„Почина Дејвид Камерон” – рече водителката, која брзо ја сфати грешката и се поправи дека сепак станува збор за Боуви.
Твитерџиите брзо ја уловија нејзината грешка па илјадници коментари ја преплавија мрежата.
Инаку, премиерот Дејвид Камерон денеска изјави сочувство за смртта на музичарот, коментирајќи дека тој пораснал со неговата музика и дека светот изгубил голем човек.
Инаку, легендарниот Дејвид Боуви вчера почина по долгата борба со ракот.
Слично
