Загина Американец кој се борел на страната на Украина
Младиот Американец, 22-годишниот Вили Џозеф Кансел кој бил вработен во американска приватна воена компанија загинал во Украина.
Тој загинал во војната во Украина, објави „Си-Ен-Ен“. Американецот се борел на страната на Украина. Компанијата го испратила во Украина, а тој земал плата додека се борел таму, изјавила за „Си-Ен-Ен“ мајката на Кансел, Ребека Кабрера. Таа додава дека тој пристигнал во Украина на 12 или 13 март и дека неговото тело се уште не е пронајдено, туку само добила известување за смрт. Тој почнал да работи во компанијата непосредно пред почетокот на војната во Украина.
Деновиве во Запорожје беа повредени двајца американски доброволци. Платеници од повеќе земји се борат на страната на Украина.
Слично
