Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАГИНА 5-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО ПОЗНАТ ФРАНЦУСКИ СКИ ЦЕНТАР: Ја прегазил скијач со огромна брзина

ЗАГИНА 5-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО ПОЗНАТ ФРАНЦУСКИ СКИ ЦЕНТАР: Ја прегазил скијач со огромна брзина

Петгодишно девојче од Британија загинало во популарниот француски ски-центар Флане, откако скијач со голема брзина налетал на неа.

Како што пишува францускиот Локал, девојчето било на патеката за почетници во школата за скијање и заедно со другите деца и професорката по скијање учело да скија. Девојчето било до својата група обидувајќи се да се сврти на скии, кога налетот скијачот и се обидувал да ја избегне, но тој не можел да ја контролира траекторијата на движењето.

Девојчето починало во хеликоптер кој ја превезувал во болница.

Човекот кој го усмрти девојчето е во притвор и се соочува со обвинение за убиство од небрежност.


Слично

Поврзани вести