ЗАГАДУВАЊЕ: Париз вози пар-непар!
Од утре возачите на главниот град на Франција, Париз, ги очекува голема промена. На улица в понеделник ќе можат да излезат само половина од автомобилите на бензин и дизел гориво - оние со непарни броеви на регистарските таблички. Во вторник, пак, обратно ќе можат да возат само
Рестриктивната мерка стапува на сила во 5 часот наутро и има за цел да го намали енормното и опасно загадување на Градот на светлината. Забраната не се однесува на електричните и хибридните автомобили, таксистите и возилата на итните служби, како и на автобусите, а секој ден ќе можат да возат и автомобили во кои има повеќе од тројца патници.
Меѓутоа, за камионите движењето е целосно забрането додека не се намали загаденоста на градот. Забранат и правилото за возење пар-непар мора да го почитуваат и странските автомобили.
Во повеќе од 30 окрузи на Париз загаденоста е алармантна, а големата концентрација на штетни микрочестички во воздухот е резултат на промената на ладни ноќи и топли денови, како и на недостатокот на ветер. За да го илустрира загадувањето, агенцијата Франспрес објави слика од Ајфеловата кула снимена на 17 август 2012 година и на 14 март годинава, на која разликата во загаденоста на воздухот е очигледна.
Слично
