Заемите во Шпанија не се враќаат?
Обемот на ненаплатените кредити на шпанските банки во ноември пораснал на нов рекорд, при што секој девети заем е во опасност да не биде вратен, покажаа официјалните податоци. Во соопштението на Банката на Шпанија се наведува дека во ноември уделот на ненаплатливите кредити, што повеќето се хипотекарни кредити, достигнал 11,38 отсто од вкупниот обем на заеми, во однос на 11,23 отсто од октомври.
Слично
