Заедничката борба даде резултат, пиратите се исплашија
Бројката на питатски напади во 2012 година била на најниско ниво последните пет години, поради намалување на сомалиското пиратство, соопшти Меѓународната канцеларија за бродска пловидба.
Лани низ цел свет се регистрирани 297 напади, киднапирани се 28 бродови со 585 морнари. Само во 2011 година имало 439 напади. Во близина на брегот на Сомалија и во Аденскиот Залив имало само 75 напади, додека во 2011 година биле регистрирани 237.
Но, и покрај намалувањето на пиратските напади Источна Африка останува најпогоден регион, а потоа следи Западна Африка.
Меѓународната канцеларија за бродска пловидба наведува дека намалениот број на пиратски напади се должи на меѓународните флотили кои патролираат во африканските води и се вклучени во борбата против пиратите.
Слично
