Економија, финансии, бизнис

Контакт

Задржувањето на Шкотска е приоритет за Тереза Меј

Задржувањето на Шкотска е приоритет за Тереза Меј

Задржувањето на Шкотска како дел од Велика Британија е приоритет за британскиот премиер Тереза ​​Меј. Се очекува таа да говори пред Конгресот на шкотската Конзервативна партија и да го објави задржувањето на Шкотска како свој политички приоритет.

Во дел од својот говор, Меј ќе ја истакне важноста на зајакнувањето и зачувувањето на врските помеѓу Обединетото Кралство и Шкотска.

Се очекува таа да ги критикува сепаратистичките стремежи на владејачката национална партија во Единбург и нејзината желба Шкотска да остане дел од Европската унија.

Од партијата предлагаат и референдум за независност, во случај британската влада да не ги земе предвид барањата на државата.

Во почетокот на февруари регионалниот парламент на Шкотска ги отфрли плановите за Brexit. Одлуката сепак е без правни последици.

Потсетуваме дека на референдумот што се одржа во Велика Британија минатата година, поголем дел од Шкотланѓаните го поддржаа останувањето на Обединетото Кралство во ЕУ.

Слично

Поврзани вести