Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД ВО УШТЕ ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: Премиерот се предомисли

ЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ КОВИД ВО УШТЕ ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА: Премиерот се предомисли

Белгискиот премиер Александар де Кру размислува за воведување задолжителна вакцинација против Ковид-19, иако претходно изјави дека таквата опција би била нереална, особено за тој што доаѓа од Либералната партија и во принцип го почитува правото на секој да одлучи дали да се вакцинираат или не.

Де Кру изјавил дека се предомислил бидејќи фактите се смениле и дека сите се предомислуваат кога ќе се соочат со добри аргументи.

Премиерот на Белгија смета дека не треба да се дозволи влијанието на релативно мала група врз здравствениот систем да биде толку големо. Во Белгија досега се вакцинирани околу 88 отсто од возрасните, што значи дека нешто повеќе од 10 отсто од возрасните не се вакцинирани.

- Целта е јасна: треба да ги вакцинираме сите. Ако може да помогне патот до задолжителната вакцинација, тогаш би сакал да ја разгледам таа можност - рече белгискиот премиер, нагласувајќи дека таква одлука не може да донесе владата туку парламентот.

Најавата на премиерот Де Кру доаѓа во време кога бројот на заразени во Белгија нагло опаѓа, а бројот на хоспитализирани по повеќе од три месеци падна под 2000, додека бројот на оние на интензивна нега е околу 600. Бројот на починати дневно е околу 35 луѓе. Овие бројки се значително пониски од претходните бранови, кога се споредува бројот на заразени, хоспитализирани и починати, белгиските власти ова го толкуваат токму како влијание на вакцинацијата. Она што останува загрижувачко, иако сè уште непознато, е брзото ширење на новата варијанта, омикрон. Омикрон сега води во Белгија со 6:4 против делта варијантата. Така, 60 отсто од заразените во Белгија се заразени со варијантата омикрон и 40 отсто со делта. Иако засега се чини дека омикрон е поблаг од делта варијантата, брзината на ширење е загрижувачка и за Белгија.

Покрај предлогот за воведување задолжителна вакцинација, Белгија ја разгледува можноста за користење на сертификати за КОВИД само според правилото Г-1, што значи дека сертификатите ќе се признаат само за оние кои се целосно вакцинирани, односно со три дози, а не повеќе за оние кои имаат негативен тест или го прележале вирусот.


Слично

Поврзани вести