Забранија Библија да се купува на интернет
Библијата ја снема од платформите за онлајн продажба во Кина, поради зголемената владина контрола врз религијата.
Кина отсекогаш ја контролирала продажбата на Библијата, дозволувајќи да биде дистрибуирана и печатена само во црквите под контрола на државата, но во последниве години истата можеше да се набави и на онлајн платформите во земјата.
Но, преку онлајн пребарување, корисниците од Кина не можат да пронајдат ниту една фирма која продава библии. Сепак и понатаму се достапни трудови за христијанството и Куранот. Два од најголемите доставувачи во Кина за Си-ен-ен кажале дека нивните купувачи и натаму ќе може да си набават примерок, но само преку директна порака на нивните интернет страници, а не преку јавна онлајн понуда.
Сара Кук, аналитичар на „Фридом хаус“ за Источна Азија, вели дека забраната е важен пример за тоа како цензурата се меша со ограничувањата на верските слободи.
