Забранет пристап за новинари на унгарската железница
Унгарската полиција им го забрани пристапот на новинарите на железничката станица во градот Бичке.
Шефот на полицијата Крољ Пап денеска им наложил на новинарите да ја напуштат железницата, каде претходно дојде до судири меѓу бегалците и полицијата.
Сега, новинарите може да чекаат пред станицата, но влезот нема да им биде дозволен, прене унгарската агенцијата МТИ.
На ова место, на 35 километри од Будимпешта полицијата ги избрка од возот бегалците кои патуваа кон западна Европа. Бегалците одбивале да излезат од возот, а полицијата употребила сила за да ги извлече од вагоните.
Слично
