Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забраната на цигарите ќе спаси 1 милијарда луѓе до крајот на векот

Забраната на цигарите ќе спаси 1 милијарда луѓе до крајот на векот

Водечките експерти повикаа на глобална кампања „свет без пушење до 2040 година“, која може да го спаси животот на една милијарда луѓе.

Ако сите цигари бидат повлечени од употреба во рамките на следните 25 години, водечките истражувачи на јавното здравство сметаат дека една милијарда од смртните случаи од пушењето ќе бидат избегнати до крајот на векот. Ова е можно само под услов да се преземат мерки сега.

Но кампањата е можна само со поддршка на владите. Професори од Универзитетот во Окленд во Нов Зеланд ја повикаа ОН за напори кон забрана на продажба на циграите.

Тие предупредуваат дека и покрај падот на пушењето во развиениот свет, се очекува употребата на цигарите да се зголеми во некои земји во следната деценија, особено во Африка и на Блискиот Исток.

Слично

Поврзани вести