Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забрана за влез на Русите во Украина

Забрана за влез на Русите во Украина

Украина ќе го ограничи влезот во земјата за мажи од Русија, кои се помеѓу 16 и 60 години, напиша претседателот Петро Порошенко на Твитер.

"Украина воведе ограничување за влез на руски државјани на машкиот пол од 16 до 60 години", се вели во соопштението.

Како што пишува Порошенко, ова е превентивна мерка која ќе влијае да се спречат Русите да формираат "тајни војски" на украинската територија.

Претходно, шефот на граничната служба на Украина, Петар Цигикал, предложи на некои категории луѓе да им се ограничи нивниот влез во земјата.

Во неделата три мали бродови на украинската морнарица ги прекршија членовите 19 и 21 од Конвенцијата на ОН за морско право, откако навлегле во привремено затворените води на Русија и неколку часа изведувале маневри, не реагирајќи на барањата на руските бродови што ги следеа. Сите три пловила беа запленети, а подоцна биле транспортирани до пристаништето Керч.


Слично

Поврзани вести