Забрана за увоз: Путин воведе санкции и за Црна Гора
Бидејќи Русија прогласи едногодишна забрана за увоз на одредени земјоделски производи од земјите кои и воведоа санкции или им се придружија, на удар ќе се најде и Црна Гора, која ги поддржа сите санкции воведени на Москва поради судирите во Украина.
Од Министерството за надворешни работи и европски интеграции од Црна Гора денеска изразија жалење поради одлуката на Руската Федрација да и воведат санкции на таа земја.
Како што објаснуваат, усогласувањето со одлуките на ЕУ на линија е остварување на земјоделско-политички приоритети, како и почитување на принципите и вредностите за кои се залага Црна Гора во меѓународните односи а во ниту еден момент немало анти-руски карактер.
„Министерството и наредило на мабасадата во Русија детално да извести за специјалните економски мерки кои се дефинирани со декрет на претседателот на Русија Владимир Путин“ е соопштено.
Декретот за „одредени економски мерки“, како што е официјално соопштено од Кремљ, го потпишал претседателот на Русија Владимир Путин, пренесува црногорски „Ден“.
Мерките се воведени како одговор на санкциите кои се воведени за Русија поради украинската криза. Забраната на увозот на земјоделски производи, како што е предвидено, веднаш ќе стапат на сила. Руските власти имаат задача да ја утврдат конечната листа на земјоделски производи чиј увоз ќе биде забранет.
